некогаш (прил.) - и (сврз.)

Некогаш и по цел ден останува под некое дрво и ја чека мачката.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
За сите тие покани што ги добивав за концерти имав менаџер кој ги уговараше термините, некогаш ме консултираше а некогаш и сам го правеше тоа, знаеше дека така ќе ми одговара.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
— Остави им ги мртвите на мртвите, вели Андреја Тарковски, дајте ми ги мене. „Мртвите нека си ги закопаат своите мртви“, рекол Христос некогаш и некаде, којзнае кога и којзнае каде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Напати ми скорева солзи, а напати ми иде да ја гушнам дека ете, некогаш и некаде, без наше знаење, сме биле заедно.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Би можела да те допрам како некогаш и тогаш... и да ми ги кажеш најтажните нешта ....
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)