неколку (прил.) - балкански (прид.)

Овде живеел владетелот на Југославија, најголемиот дел на Балканот во кој беа обединети, па подоцна разединети неколку балкански држави.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Авторот на книгата, писателот и историчар Леон Каин (1841-1900), професор на Сорбона и конзерватор на големата библиотека во Париз Мазарин, во 1899 година го запознал младиот албански полиграф и полиглот Фаик Бег Коница (тогаш 23-годишен), со завршени филолошки студии во Франција, кој совршено го владеел стариот и новиот француски јазик, потоа неколку балкански и европски јазици, старотурски и новотурски, санскрит и други јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во неговиот живот мина близу или далеку крај неколку балкански владетели од последниот султан Рашид V, Мустафа Кемал Ататурк, Кралот Зогу, Енвер Хоџа, на крајот Тито...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Му беше мачно на идеалите од младоста, на храброста, кога се провлекуваше меѓу урнатините на отоманското царство и темелите на новата република Турција, низ балканските војни и окупацијата од француските сили на родниот крај за време Првата светска војна, за провлекувањето низ фашизмот и спасувањето во комунизмот, да им најде поширока историска и филозофска смисла во доцните години на животот кога требаше да го доврши конечно својот проект на животот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)