неколкупати (прил.) - ја (зам.)

Згрозена, таа неколкупати ја повтори сцената од селското училиште, каде жолтите пци,пред децата,ја растргнале учителката и деловите на телото ги развлечкале низ целиот училиштен двор.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Раскажуваше дека неколкупати ја поминал таа далечина на својата кобила.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Неколкупати ја вадеше Соколе сликата од пазува, но месечина нема, а светлоста на ѕвездите е слаба, тој не може да ја разгледа и ја враќа пак назад.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Долго ја гледаше карпата. По неколкупати ја испитуваше со погледот, се допираше до неа, ги опираше рацете на неа, како да сакаше да ја навали.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Неколкупати ја читав телеграмата, како да не верував во нејзината содржина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)