неколкупати (прил.) - во (предл.)

Ја претури неколкупати во една чаша и ги наполни донесените чаши. Caм служи коџобашијата; мудурот и другите гости пијат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Само кога сосема се приближив до неа и кога двете радосно се гушнавме и се изнабацувавме по неколкупати во образ, како што тоа го прават французите, видов дека годините сепак работеле на нејзиното лице и мрежа од ситни бори ги урамуваше нејзините очи, а и челото беше изгравирано со неколку попречни бори.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Тој апсолутно се согласи со овие зборови и самиот ги повтори уште неколкупати во неколку пригоди.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Говореше дека неколкупати во животот имал прилика да му се укаже силна светлина, и дека не можел да сфати како никој околу него не може да ја види; таа светлина, велеше, во неговите сетила побудувала и некаква раскошна музика.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Веќе не му се пиеше и се преоблекуваше по неколкупати во седмицата во чиста кошула.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се сретнувавме само неколкупати во годината и навраќавме во кафеаната Меркез на левиот брег на Вардар, за мене од онаа страна на стариот камен мост, пушевме и пиевме според расположеноста, тој најмногу чај во проѕирна чаша со позлатен раб.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Откако убаво ме избакнува и ги натера и двете деца да ме бакнат по неколкупати во образите, ме доведе во дневната соба.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
На тетка Олга ѝ се збрчка носот од миризбата што ја заплисна, иако се обиде да не го покаже тоа, а потоа претпазливо ѝ се приближи на полната шолја.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ерика беше приврзана за своето семејство.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Сега живеам само за нив,“ рече неколкупати во текот на разговорот, секојпат кога погледот ќе ѝ паднеше на фотографијата. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)