неминовен (прил.) - да (сврз.)

Тогаш, кога ги отворил запците, човекот морал, полека со двете раце, да ѝ ја дофати ногата на мечката, исто онака, како кога се потковува коњ, и така неа ја подигнал од меѓу железата; тој тоа морал неминовно да го стори.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Чекореше колку што можеше побргу, притаен, кон тоа црно стебло, мислејќи дека ќе биде неминовно да го има пред себе токму него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ним сега им е неминовно да имаат пред себе една длабоко разгазена дира, по која може многу полесно да се продолжи да се бега.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)