неочекуван (прил.) - му (зам.)

Ја стиснав тупаницата да ја нокаутирам, кога таа неочекувано му се сврте на Саше и: „го почести“ со плунка.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Од тоа, некако чудно и за мене, лицето полно со сув лишај неочекувано му се собра.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Можеби токму оттука, од ваквото разбирање на разногласијата што се надвикуваа во мене, беше поттикнато и она мое решение што сосема неочекувано му го соопштив на Ивана: дека можеби најумно ќе биде и јас да дојдам со него до градот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Извини“, неочекувано му рече Марко кој успеа да го заврши или прекине разговорот со колегата од другата страна.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
А предлогов ми истрча од устава! Што би се рекло: мигновено!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Оној кога со класот беа во золошката, кога дојдоа кај гулабите, тие како испадени полетаа накосо нагоре во бег, но еден гулаб се одвои од јатото, изврте околу целиот клас и неочекувано му кацна на Еда врз бујната кадрава коса.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Можеби ќе му помогнам да се смести!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Некои од тие идеи неочекувано му се губеа, како да биле сон, опоменувајќи го па дури и заплашувајќи го дека не треба да одлага да седне да пишува.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)