непосреден (прил.) - во (предл.)

А договор за вработување на определено време за замена на привремено отсутен работник може да се склучи до враќање на привремено отсутниот работник.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Работодавачот е должен да поднесе пријава/одјава [образец М1/М2] за работникот во задолжително социјално осигурување [пензиско и инвалидско, здравствено и осигурување во случај на невработеност], во согласност со посебните прописи – во АВРМ, по електронски пат или непосредно во Агенцијата, пред работникот да стапи на работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Работниот однос заснован со договор за вработување на определе- но време, освен договорот за вработување за вршење на сезонска работа, се трансформира во работен однос на неопределено време, ако работникот продолжи да работи по истекот на рокот, под ус- лови и на начин утврдени со закон.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кај уметничките дела за иницирање на виртуелни, естетски кодирани светови, се работи, напротив, за допир, кој во смисла на простор, дефиниран со односите на реалните предмети, навлегува во празно, но интензивноста на различните тактилни функции, посредувани преку податочната ракавица, предизвикува промени на полето на сликовното и звучното во компјутерски симулираната околина.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во виртуелната реалност всушност допирот е сетило-теоретичар, бидејќи непосредно во материјалниот однос не допира ништо, функционира само преку дистанца, која му овозможува информатичен, податочен контакт преку посебни интерфејси.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)