нетокму (прил.) - човек (имн.)

И сега, кога најмногу ни треба војска, некој таму, нетокму човек, нареди да ги вратат и да маршираат на полјанкава?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Јон зел паурче ракија и излегол на чардакот. Пие ракија и вика, развикува. Сите да чујат. Да ме гледаат. Нетокму човек, извртен наопаку.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)