нешто (прил.) - како (прил.)

Направија нешто како касарни и донесоа војска во нив, но не смогнаа сили и да останат долго таму.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ниту еден од карваните со зајре, наменет за војската, цел не стигнуваше таму; уште од местото на тргнувањето бунтовниците ги преследува.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Седнавме на едно тивко место, нешто како бар со летна бавча, близу до езерото.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Освен тоа, тој беше нешто како сараф – даваше по луѓето пари на заем, како што сега банките даваат кредит за малото стопанство како што го викаат, на кесим, како што се вели по турски и со убав интерес така што тоа, исто така, му помогна да се збогати. Србите нив ги викаа зеленаши.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во неговата најнова книга, најпарадигматични во тој поглед се расказите „Утрото во ‘Ексцелзиор’“, „За малечките сложувалки“ и „Мравки“; во првиот, раскажувањето е во функција на самото сиже, вториот расказ е автопоетички (се работи за поетика на обичното, секојдневното, миговното), а третиот ги проникнува и поетиката на авторот и конкретното вообликување на сижето, нешто како созвучје меѓу теоријата и креацијата (со конкретна демонстрација на творечкиот чин, кој се раѓа од сосема случајно слушнат разговор).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
3. Градови Она што му дава препознатлив белег на творечкиот профил на Александар Прокопиев во целокупниот негов раскажувачки опус, тоа е своевидната опседнатост и безрезервната приврзаност за урбаниот сензибилитет.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Нешто како да сакаше да праша, но се воздржуваше. Подобро да молчи и да гледа.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
— Что ета Вардар? — Река во Македонија, велам, нешто како вашата Волга.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не се устремуват кон влезот, полека запираат среде двор, или не запираат, туку само побавно чекорат, ја опфаќаат црквата со очите, устите не ги вражат, само дланките што ја држат за рачињата како да се претвораат во усти и тие ѝ пренесуваат некакви сигнали, нешто како зборови што прв ги слуша и не ги разбира.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ништо особено: проќелаво ситнолико старче, со очила од дебело стакло и без рамки, врзани за ушите со усукано ортомче, со ново забало во устата што севезден нешто како да џвакаше иако беше празна и нема (саказот веќе беше вон мода и вон норми, а гумата за џвакање влегуваше во мода ама не влегуваше низ увоз), со отпуштени дланки и неподвижни прсти, кои ситно но непрекинато се тресеа - небаре над секоја пара, и најситната металка, што паѓаше на тезгата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Очигледно таа не беше премногу израдувана, нешто како да ја гризеше црвец.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Мора да ѝ се случуваше нешто ужасно, ја тепаа или чувствуваше дека е болна и токму кога Нора ќе запееше нешто од Форе, а јас на пијано, загледана во толку среќниот Луис Марија, налактен на крајот што му правеше нешто како рамка околу него, тој загледан во мене, задоволен, со лик на кутренце, чека да ги чуе арпеџата, двајцата толку близу и толку вљубени.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Ќерко, тоа беше последен пат да те молам да ме следиш на пијано. Се изрезиливме.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Нешто како накриво да ме разбра. И после си дадовме збор.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)