нешто (прил.) - тешко (прил.)

Имаше чувство со кое се потупнува по вратот коњот под себе, кога се тргнува на далечен пат, она чувство, со кое што му се префрла раката преку рамо на другарот кога се има да се стори нешто тешко заедно со него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше исполнето со нешто тешко, како песок, што се повлекуваше кога ќе го притиснеше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А, ако му е нешто тешко, е-е, ќе најде тој итрец начин да ги надмудри!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Кога го кренаа трупот на давеникот со нозете угоре, со главата удолу, на дното од барката кон која го носеа, падна со тропот нешто тешко, метално, нешто режано, сработено во форма на книга.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)