никако (прил.) - вистински (прид.)

Му се чинеше и дека нема фронт, барем не онаков каков што тој си замислуваше дека треба да има (оти единствен репер му беа книгите на Ремарк), па дури и вестите за загинатите ги примаше со некоја голема скепса, како дел од фиктивното сценарио кое требаше да го сфатат сериозно за да можат соодветно да глумат во него.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Во сета таа ситуација имаше нешто лажно, некој привид, некоја шарада и му се чинеше дека сето тоа е само игра, само уште еден СВОЗ, а никако вистинска војна.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)