никогаш (прил.) - таков (зам.)

Потоа се потсетував како прв пат го видов татко ѝ на Марина со оваа нова жена и како бев тогаш убедена дека татко ми нема да биде никогаш таков… да стори нешто такво.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Такво прашање поставуваат некои од пријателите на татко ми и мајка ми, а особено оној чичко Гоце, од Берово, мајтапчија и подбуцнувач, кој не пропушта прилика да ме зајаде.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Страшно! Никогаш такво нешто не сум видел досега: силен пламен, чад и раздробени парчиња се разлетаа на местото каде што беше авионот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Моите дома никогаш такво нешто не рекле, дури ни брат ми, кој знае да се шегува со мене, со цел да ме изнервира, ама сепак, таа тема не ја злоупотребува.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Од далечината одекнува нејзиниот рамнодушен глас, никогаш таков кога им се обраќаше на нејзините чеда.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)