никогаш (прил.) - ја (зам.)

Ми дојде интересна идејата затоа што и така таа имаше потреба за друштво, како замена за сестра која никогаш ја немала.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Никогаш ја немав видено пустината, а пустината веќе одамна си го најде својот зародиш во мојава душа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Нежност покриена со црн превез, невиност сокриена во сенката на тагата, младост украдена од раката на болката.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Таа Марија е само измислена личност. Неа никогаш ја немало.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)