никогаш (прил.) - за (предл.)

- Секаде се еден до друг, од прво до четврто, па и во петто не се разделија... милата Јана, никогаш за ништо не го накодоши - како што знаат да кодошат девојчињата - секогаш сакаше да му даде и гумичка, и молив, и боички, и острилка, му даваше без да побара, не им требаа зборови - со поглед се разбираа...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Никогаш за толку кратко време големите разлики на овие луѓе не биле толку брзо збришани, претворени во заедничко верување.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ми ја плесна во фаца љубовта што ја немаше никогаш за мене.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Беше бескрупулозен. Никогаш за ништо не ме прашуваше.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Како кум на крштевка што се одрекува од ѓаволот. Три пати.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
145. Во случајов Мисирков неправилно ги идентификува народите со феудалните владетели, зашто тие договори не се правени помеѓу народите, коишто никој и никогаш за ништо не ги прашувал, туку помеѓу суверените од разните држави.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)