никогаш (прил.) - ништо (прил.)

Ќе посакаш некогаш нешто, но никогаш ништо, како некогаш еднаш нешто...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Што шепотел килавиот Јаков во тие ноќи - Спиј, главо, со крст над чело? Или нешто друго со непознати зборови?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе подариш некому нешто, но никогаш ништо, кога еднаш некому сѐ...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Но, никогаш ништо, освен ветувања дека еден ден секако и јас ќе го видам светот. А, тој ден никогаш да дојде.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Никој нигде и никогаш ништо не запишал за тоа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)