ништо (прил.) - да (сврз.)

Мајка го гледаше уште позачудено. Не можеше ништо да разбере.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тоа влезе како ништо да не било и застана до вратата со „бујрум бег“. (Адем го беше научил како да го ословува кога ќе влезе).
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога доаѓаа лустерот си беше на своето место: а оздола не можеше ништо да се види.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- А ти - ѝ возврати Душка - не ми се прави невина како ништо да не знаеш.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
За породувањето на Рада не сакаше ништо да ризикува, иако имаше направено над илјада породувања.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не можеше ништо да се стори.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Од оние на кои не им го знаеш името, ама знаеш дека, ако ја отворат устата, можат веднаш да те проголтаат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Беше темна ноќ околу нас, на небото имаше сосема млада месечина, тенка како срп, што не може ништо да осветли, бевме сами во таа ноќ и среде тој страв што мене ми изгледаше голем и црн како некакво страшно и опасно, непознато диво животно од приказните.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Но, не можеше ништо да смени, па затоа фокусирано одеше право накај бакалот, не вртејќи се налево, надесно, радувајќи му се на сонцето и уживајќи во опојниот пелистерски воздух.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Челникот со обете шепи ја зграпчил над зглобот раката на Мечкојадовиот противник и ја повлекол.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од јачкањето на еден од нив не го чул чкртањето на своите катници. Не можел ништо да стори.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не можеше ништо да разбере и се плашеше од овие свои мисли.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)