нормален (прил.) - да (сврз.)

За луѓето преку триесет години беше речиси нормално да се плашат од своите сопствени деца.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А можеби беше во прашање и нешто друго, нешто повеќе, за што не сум доволно упатена а и не сум спремна да судам.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Па ако било така зошто да не поверувала оти е нормално да биде посакувана и од оној на кого Господ посебно му го доверил правото да избира помеѓу повеќе жени бидејќи тоа и него и нив ги правело среќни?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Се прашуваше неодредено дали во укинатото минато било нормално да се лежи вака в кревет, во свежината на летната вечер, маж и жена без облека врз себе, да водат љубов кога ќе посакаат, да разговараат за што сакаат, без да чувствуваат никаков порив да станат, едноставно да лежат и да ги слушаат спокојните надворешни звуци.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)