овде (прил.) - со (предл.)

„Нека си седи Митра овде со Неда и Јована, на есен пак ќе си дојда“ — заклучи тој и продолжи да си живее во изобилие, бидејќи паричките што ги донесе беа достаточни за да не осети некаков недостиг.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но треба да се подвлече дека и овде со нуждата за чисто духовно изживување во одреден вид, се поврзуваат и поинакви мотиви, многу пореални, - сонот за земна слава што обезбедува убав, весел и разноличен живот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Таман сме си ние овде со дедот Петка: маските, нека ни се живи, ќе не однесат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Секој од нив дошол овде со желба нешто да заработи и пак да се врати во родниот крај.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
У склопот на овие кружоци, главна трибина е вечната дилема: дали подобро се живее у Македонија со 500€ или овде со 5,000$?
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Најди конзерватор, доведи го овде со гипс за да излее отисок од некој помал кревок дел од ова!
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Зар овде со нас не се подароците од твојот татко Добре, најдобриот човек на светот?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
СИМОН: Уште кога Ве видов од перонот и кога седнав овде со Вас и се напивме вотка, знаев.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)