одамна (прил.) - изгубен (прид.)

По сонот, по надежта кога иста ваква ноќ во совршенството на моментот се роди нешто што беше повеќе од живот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Мислам дека ќе врати нешто во западното искуство што е одамна изгубено.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Мрежа која ме обвива, ме задушува и во очај ме исфрла крај пустите брегови длабоко во ноќта.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Небесната тишина осветлена од безбројните ѕвезди ја буди во мојава безнадежно романтична душа носталгијата по тоа одамна изгубено време.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Живот во црна кутија, простор во кој се осеќа само мирис на нечист воздух, простор исполнет со грешни мисли, гревови, болови кои создаваат мрежа од тешки и мрачни спомени, одамна изгубени сонови.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)