одамна (прил.) - изумрен (прид.)

Доначудување немаа ни откако правта слегна и се растргна, враќајќи им го пред очи селото какво што си го знаеја, но им остана да нагодуваат каде застанала колата, додека најпосле не се досетија дека застанала пред одамна испустената и во скреби зарасната куќа на одамна изумреното и поштомено семејство Веговци, на висот над реката, речиси над село.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Се ведне над восочен труп, распорен дрско и со еден замав. објаснува нешто на туѓ, одамна изумрен јазик, некакви формули и неизбежни правила, како догматичар на еден одамнешен век.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се некои девојки од далечни места, со имиња на непостоечки кралици и одамна изумрени богињи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)