одблизу (прил.) - во (предл.)

Имав впечаток, следејќи го пулсот на владетелите одблизу во мојот живот, посебно во дипломатските години, владетелите, како Тито, Арафат или Бургиба, не само што самите ја немаа моќта да ја разберат и да се прилагодат на филозофијата на Монтењ, туку во своето неверување, неприлагодување на крајот, свртени кон вечноста низ владеење, најчесто го повлекуваа и народот со кој владееја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Монтењ велеше дека вистинската филозофија е можеби во учењето, прилагодувањето на смртта.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
За првпат погледна одблизу во нејзините очи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Откако се изнасмеа убаво, убаво, и се приближи на едната од жените, ја фати за долгите црни зулуфци, и ја исправи, и така исправената горда глава, и се заѕури одблизу во очите и почна пак тивко и пакосно да и се смее в лице, па низ смеа и се обрна со збор: – Анѓо мори!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Се загледува одблиску во секого.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)