одвај (прил.) - чека (гл.)

Луѓето одвај чекаат да ти ја изедат пшеницата и да ти го избербатат дворот од прејаденост и препиеност.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Гоце одвај чекаше да се сврши учебната година.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Оваа одлука ги засегна и ги погоди како гром.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Корилче одвај чека да оздрави таа веќе еднаш, да си играат пак заедно, зашто тој ја сака многу повеќе од другата сестра, Верка, што често дури ја кубе за коса.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Сеедно трчеше со пушката низ селото и одвај чекаше да налегне самракот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
А јас одвај чекав да стасаме до Сарај и да се откачам од Оливера.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Како секогаш - најгласен беше Љупчо, кажуваше вицеви и сите се смееја.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
И додека таа еднолично дрдореше, јас ги слушав веселите викотници на моите другари откај задните седишта.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Кога излезе од орманот пците се враќаа на неговото мамење, но така накострешени, што одвај чекаа да им рече „тут Шарко, Мрчо — де бре!“
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— А бре, ако сакаат да имаат добри пушки, ќе дадат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Срамота е и греота, толку бакшиш ти донесе, та утре да боледува човекот — почна да ја „кандисува“ Трајко Митра, која одвај чекаше ова да го слушне.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Токо, тие нека си и вадат очите, па ако сакаат и нека се истепаат, ами ние да си земиме по некоа паричка кога има будали — го кандисува Гуле Раифа и одвај чека да го слушне понатака.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Лири вели дека одвај чека да види дали тие неверојатни можности значат дека по смртта навистина постои живот, и објаснува дека отсекогаш го привлекувале искуствата на мистиците и визионерите кои тврдат дека ги доживеале искуствата на блиска смрт.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
По долгата прошетка, од зајдисонце до првиот мрак, нозете малаксуваат и одвај чекаат да си починат.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Веќ е неколку дена седеше сама дома и одвај чекаше некој да дојде, некаде да појде и воопшто нешто да се случи.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Боге се мислеше дали да наврати во првото гратче за по еден варен ѓеврек или да стисне заби за топол бурек во првиот град, кога Кате проговори: - Одвај чекам да си дојдам дома.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во Прилеп нема срески началник, туку таа должност ја врши Димитире Којиќ кој е преместен за Ниш и одвај чека да ја предаде должноста.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Чест му е за ова да го известам Инспекторатот со тоа што за ова го известив и Дивизијарот а тој преку Командантот на местото нареди сите овие четиници да се стават под команда на Душан Димитријевиќ кој вчера со својата чета замина за Прилеп.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А кога забележа малку подоцна дека јас очекувам да продолжи со објаснувањата, речиси насмевната додаде: "Не биди како жеништана што одвај чекаат да им паднат во увото и зборовите што одамна наумиле да ги слушнат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ни телалите од долните села повеќе не одат средсело за да им го соопштат на луѓето она што самото по себеси се подразбира.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не можел изгледа да си претпостави дека таа одвај чекала да зачекори во неговата желба.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Лудвик не сакаше ништо да појадува; рече дека појадувал во возот и дека одвај чека да одиме.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„О, Даниел, многу сум среќна. Одвај чекам бебето да дојде и да го видам. Знаеш дека ќе биде машко.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Времето бара олеснување – рече старецот. – Ние сме на средина меѓу набрекнатата утроба на небото и жедната утроба на Земјата: тие, одвај чекаат да се соединат, толку многу си се потребни еден на друг, што веќе трпението им попушта.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
И реков faleminderit,28 но, не сум сигурен дали добро го изговорив зборот, зашто никој од насобраните ништо не рече, само сомнително мрдаат со глави, молчаливо стојат, со гумените опинци ја копаат и ја бришат земјата од под нозе и ми се чини дека одвај чекаат кога ќе нѐ снема од пред нивните очи.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И тоа што остана, а малку беше способно, го собираа и одвај чекаа некој да потпорасне и во бој.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Пупката одвај чека една корава рака да ја отвори. Да расцути, да сака.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Ќе сменам: „Одвај чекаме да падне ноќта и да го преземеме Крушево, та заедно со сиот народ да го викнеме нашето Македонско УРА!“, и линк од Google Earth.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Ги отвараа прозорците да се изветреат одаите, ги тресеа постелите миризбата да им излезе, а кога ќе врвеа крај казаните, скршнуваа од патот не можејќи да ја трпат миризбата; одвај чекаа да фати посилен ветер да го изветрее сето село и да донесе нов, посвеж воздух.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Господе, ништо полошо немало кога не знаеш јазик, кога цел ден молчиш како нем, како вол и чукаш со чеканот; одвај чекавме навечер со Анастаса да се видиме, да си поразговараме, маките да си ги кажеме.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Скршени од болка и од заемот што го зеле од комшиите за закопот, одвај чекаат да се доверат на првиот близок до нив во редот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
За Велигден ги галев белите хулахопки и одвај чекав да ги покажам. Скокав, скокав, и паднав. И веќе не беа ни бели, ни нови.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Додека нејзините соученици ги полнеа батериите, Рада отсутно одвај чекаше да се врати дома.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Деноноќната работа го исцрпуваше, така што одвај чекаше да ја допре перницата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кога ќе влезев во таа живната сала, толку многу ме нервираше безначајната еуфорија, па одвај чекав да си одам дома.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Некои одвај чекаа да те видат па бргу- бргу да те поткажат на управата.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тој одвај чека да оди некаде подалеку со новата кола.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Можеби ќе беше полесно да се залажува дека Карл одвај чека да ја види.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Тие одвај чекаат Марија да дојде и да разберат од неа повеќе вести. Најмногу за Карл. Но, немаше каде да се бега... ***
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Таа одвај чекаше да отиде некаде, за да поразговара со синот насамо.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Одвај чекаше некој да го крене. Да зборува со него. Да си игра. Да му се смее.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Та Илко носеше само ново откако умре Стојанка, и штом едни ќе се прокинеа, Митра ги оставаше настрана и вадеше од ковчегот други нови, што га беше донесла Стојанка, та одвај чекаше да се прибере некоја сиромашка и да ѝ го даде мажот и сета беља со него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Богуле го слушаше отсутно и одвај чекаше да запре со зборувањето управникот, зашто знаеше дека тука не се работи за тоа дека умрел татко му, туку телеграмата е само можност, изговор да го ослободат од училиштето и интернатот, да го пуштат наколку дена дома, како тогаш што го пуштија кога му јавија дека дедо му е на умирање.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Наслушуваше и му се чинеше дека вулканот се подготвува да избувне; излегуваше на чардакот, гледаше кон дувалото, но ноќта беше темна, облачна и не можеше ништо да види; шеташе по чардакот, низ куќата, слегуваше во дворот и одвај чекаше да се раздени.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Жена му на Мил одвај чекаше да го земе господ, да ѝ се тргне од пред очи, да се спаси од него; му имаше приготвено и покров за умирање и риза со која ќе му ги врзе вилиците да не му зјапи устата и петел што ќе го заколе и ќе му ја стави главата во гробот како курбан за да не повлече друг од фамилијата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Одвај чекал навечер по вечера да се истркалаат во постелата и да го помоли: - Тате, ајде да ми кажуваш за чевлињата што ќе ми ги купиш за Велигден.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Јас одвај чекав да стигнам дома и да му се пофалам на татко ми за тепачката.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
А, вака ... - си мислев. Одвај чекав да поразговарам околу тоа со моите.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Накриви си ја капата од нив оти и тие имаат куќи и фамилии имај се на умот, оти ене проедрото го сучи мустачот и одвај чека да му дојдат корофилаците за да ни ја крои капата.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Поминав со одличен успех во четвртото одделение, со подарок книги, се сеќавам едната се викаше „Дукати“ а другата ја заборавив и одвај чекав да ги прочитам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Затоа, откако ќе го отпратев на спиење, одвај чекав да се видам со нив и да си поприкажеме.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Едноставно, се заљубив во градот и одвај чекав да дојде време за студии за да можам да го живеам тој свет…
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Стомачето, исто така, се зачуди на мојата реакција, веројатно и тој мислеше дека одвај чекам некој од пејачите да ми пријде, а зошто, за да бидам нивна евтина играчка, не благодарам, имам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Искрено, многу се нервирав, а освен тоа одвај чекав да се стопли.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Пријатни му беа ноќните другарувања и времето поминати во кабината на пониклуваниот камион што го возеше Марко, но најмногу ја сакаше онаа нестрпливост со која одвај чекаше пак да ја види Су.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Вистина, по неколку дена, мајсторот Ратко се врати на работа, но Едо сепак почна да се чувствува изморен и одвај чекаше да дојде први од наредниот месец кога приливот на коли за преглед и поправки значително ќе се намали. ***
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Секој одвај чека да има причина барем да оди да се провртка низ Охрид.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во секој случај, тогаш, нејзините возвратени погледи и насмевки мене ми делуваа и мислам дека и беа охрабрувачки така што јас одвај чекав да имам повод пак да одам кај Сврделот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Сите мајки се исти. – заклучи Лета.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ама не велам, оти тоа би звучело многу невоспитано, па си молчам и одвај чекам да ме остават на мира, да си влезам во мојата соба и да застанам пред големото огледало што ми е крај креветот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А во огледалото, што да ви раскажувам, што сѐ се гледа! Ужас еден! Сѐ од лошо -полошо!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ми се стори дека одвај чекаше да побарам такво нешто од него.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во нејзината насмевка тогаш ми се виде дека има нешто што таа одвај чека да ми го соопшти, ама се воздржува оти смета дека не е сè уште време.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Таа мисла ме направи да летам од радост, небаре конечно сум дознала за која среда станува збор.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А ја интересира, да не ти кажувам, одвај чека! – се насмеав.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ни мајка ми немаше против, иако обично двајцата одбиваат да ми дозволат заедничко спиење во нивниот голем кревет.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)