одвај (прил.) - да (сврз.)

Во купето влезе едно црномуресто момче, кое одвај да имаше дваесетина години, некаде од селата кај Неготино, мислам од Пепелиште или Прждево, па потоа уште двајца повозрасни, едниот со лузна и висок, а другиот понозок и мешест.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Киле седнат на едно триножно столче, со софрата пред него и на неа земјената чинија со сув грав и половината сомун леб од сетното месење, јадеше како одвај да џвака, полека некако мрзоволно.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Ти ги исполнував сите желби што ги имаше за јадење, иако ти одвај да ставаше по еден-два залака во уста.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
До црквата ти е една стрмнина, да ти се стемни. На некои места одвај да собере трактор. Гробиштата не само што се далеку, туку се и високо.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Впрочем, откога Борко се фатил со учењето и со студиите, а потоа со кариерата, веќе одвај да можеле да се видат.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Се сеќавам: спиевме на една падинка, стрмно место. Одвај да ја задржиш снагата, да не се истркалаш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Уште во истиот ден тие го осигурија овој мост и за подобра сигурност да не премине непријателот преку река, од каде што му се даваше можност да се развие во борба по широките лаки и да победи, фатија та ги насекоа сите диреци на мостот на педа- две во водата, оставајќи ги одвај да се држат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Пелагија каснува од слаткото што мириса на дуња, на дом, на сигурност, сака и таа да се уфрли меѓу зборовите на тетката, ама нема место за нејзините зборови, не може да направи простор во нејзината реденица оти таа ги стиска зборовите еден до друг, смислата одвај да допира до свеста на Пелагија, само негде длабоко во срцето веќе знае дека не само што нашла засолниште, туку како да ја нашла тетка Евдокија од Прилеп, односно како да оживеала нивната мајка, нејзината и на Добра, одонде, од зад границата, па наслутувајќи големи премрежиња, брза да ги откине од патот на страдањето.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Танаско како одвај да ја протурка својата снага низ вратата, покриен со дебел слој снег што го истресе внатре во одајката, влезе со грбот а не со очите, оти гласот и очите го водеа гостинот Бујрум у нашта кујќа, место коуку милуваш, уште тоуку може да собере! и ѝ се обраќа на својата жена без да се заврте, сега тресејќи го снегот од гостинот Пено мори, устрау да те удри, пули кој гостин ти носам!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Снимателот немаше доверба во својот асистент да му ги даде инструментите што си ги задржа на вратот како амајлија, иако во штабната барака не го очекуваше некоја неизвесна судбина освен да пие ладно кафе, да трга цигара по цигара и одвај да чека да му понудат од шишето што се криеше во бирото.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
А Трајчеица како одвај да го чекаше тој момент и тој негов поглед, влета во неговото молчење со својата приказна иако јас пред тоа се обидов да го скршнам разговорот на друга страна.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Му се дожали на татка му што му е детето така невесело и сожално го прегрна Мартин тој час удри да плаче, да се тресе целиот и одвај да вели: - Тате, сладок тате... децата... децата... јатаче ме викаат...
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)