оддалеку (прил.) - да (сврз.)

Другите две можеле и да останат свиткани под твојата дебела кожинка и тука задржани, без да бидат во состојба ни да те раскрвават, едното од нив можело и да се слизне по твојата четина и воопшто да не те повреди, но ова, што те тера да крвавиш вака, не ќе е на некое многу згодно место, тоа може уште оддалеку да се види, му зборуваше на својот самјак.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Пред силата на чистиот и непосреден македонски збор, мене не ми останува ништо друго освен да молчам и оддалеку да го проследувам самостојниот живот и дарбата на вечното самопресоздавање на зборот.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Посакуваше оддалеку да го здогледа во насобраната толпа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)