одеднаш (прил.) - сфати (гл.)

Фелдфебелот одеднаш сфати. Строго рече: - Ја прибери ја таа играчка бре.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Откако стана, се зами и испуши една цигара, одеднаш сфати дека нема што да прави и му стана здодевно, а не можеше ни да помисли да се врати в постела да прелегне и да се обиде да презаспие.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Винстон одеднаш сфати чиј глас беше оној што го слушна пред малку од телекранот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)