одеднаш (прил.) - сѐ (зам.)

Но одеднаш сѐ се разбранува во бурлеска. Гогољ не е далеку.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Одеднаш сѐ повторно стивна, како нешто да ги задави сите отворени грла. Тишина.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А потоа сите гласови одново згрмеа – плач и кикот, крикови и ревења, клокотење и фијукање, молби и тажачки, благодарности и проколнувања.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мисли Зоки, мисли, и одеднаш сѐ му станува јасно.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)