одеднаш (прил.) - во (предл.)

Да купи сѐ одеднаш во една две години, беше невозможно.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Не, сигурно не е тоа, ѝ прелета одеднаш во свеста!
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Старата го дувна кандилцето и одеднаш в соба ужасно се стемни.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Една извилеста патека води од бунарот, низ бавчата, па надвор нагоре по чаирот дури не упре одеднаш во самото сино небо.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Звукот што се слушна беше како одеднаш во ушите да му тресна гром.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Онаму каде што пред само една секунда стоеше неговиот соборец сега имаше само клопче чад, а некаде скриено зад тој чад што се појави одеднаш се слушна речиси нечовечко лелекање.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но како што му го даваше писмото, одеднаш во ходникот неочекувано се појави братот Коле кој виде дека нешто се случува.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Гледам како ѕидот се менува во палми и потоа одеднаш во девојки што играат хула, и ѕидовите тука дишат, и сега од палмите настануваат мажи и сите ладала од палми се свртени кон мене, - Дојди, ваму, девојко, прешалтај.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тогаш младиот научник одеднаш во себе почна да изговара математички формули; нему во неговиот расколебан ум му се причини дека од нивната стабилна реалност Матвеј Николаевич ќе мине, би можело да се каже, ќе испари.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Матвеј Николаевич стоеше бос, наведнат над заспаната ќерка; неговото лице беше вкочането сосема блиску до градите на Наташа; на Вадим му се причини дека тој мошне смрдливо и чкрипаво мласка.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
По кривини слегувавме надолу и одеднаш камионот застана.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ние полека поминавме и одеднаш во купчето деца што седеа вкочанети во едниот од расипаните камиони, го видов Коста.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Настана турканица додека сите петмина не си ги обувме чевлите и потоа не ги наредивме влечките во редица.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тетка ми срипа како попарена и небаре од воздух одеднаш во рацете ѝ се создаде крпа и средство за чистење, кое почна да го прска на шанкот и енергично да го трие.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
И, не знам точно колку време дремев кога одеднаш во ушите ми прострелна жално блеење на овца.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)