одеднаш (прил.) - цел (прид.)

Настана непријатно молчење. Рангеле жедно голтна одеднаш цела чаша, жилите на слепоочниците му заиграа, но темни сенки му легнаа пак на лице и само полека чилеа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
„Глупости, каква слика. Тоа не доаѓа предвид!“, вреска госпоѓата на глас и, барајќи низ списокот, одеднаш целата вознемирена и покажува дека, ете, кај оној чичко ѝ од Власина може да се оди со слика затоа што тој дошол со тенџере за ајвар и тајфа од десет луѓе.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Одеднаш целата улица се вознемири.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)