одеднаш (прил.) - да (сврз.)

Иако, додека траеја работите, постојано боштеа дека нив не им е потребна чешма, зашто тие немаат добиток што да пие од неа, туку добитокот е спахиски, но после, кога ја подигнаа, со три тулејќи и со корито на кое одеднаш да можат да се напојат и педесет грла, не можеа да им се изнаблагодарат на Дамческите - тие, христијаните навистина немаа свој добиток што да пие од неа, но таа, чешмата, беше нивно дело.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- И тоа шо викаш. - Да отворам и чат на фејсбук може 5 одеднаш да збркам. - Им пишуем на 10 одеднаш бе.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
- Да знаеш, без лажна скромност, слатково ти е правено човек одеднаш да изеде цела тегла.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ја прашуваа бабата Депа, а таа им велеше: - Не беа сите три за одеднаш да се породат... Некоја требаше сега, а некоја подоцна... Но стравот од оваа неизвесност им го забрза породувањето...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Знаеше одеднаш да се затрча накај мене и да ме спобрка меѓу алеите со домати.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Сиот дијалог со бруцошката што зборуваме најмногу со своите очи, а која сега завршуваше фармација, го тинкаше нивниот син а уште носеше и второ дете во својата утроба, веќе одамна беше завршен, и тоа на најсреќен можен начин; и сега Миха бараше нови соговорници, по истиот навик и по истата потреба како што секоја изутрина кога одеше на работа од дома си земаше бурек за појадок, една четвртинка во една а друга четвртинка во друга бурекџилница, зашто му беше срам одеднаш да побара половина пита - толку млад, симпатичен и непорочен, иако веќе не само лекар туку и доктор.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И тетин ми како да се подисправи и одеднаш да се расони.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Во малиот и несреден двор, пак, влеговме низ една искривена железна порта која со чкрипењето навестуваше дека некој доаѓа, па уште пред да си го изодел каменото патече кое водеше до влезната врата, тетка Марија стоеше потпрена на рамката од вратата и го зафаќаше скоро сиот хоризонтален простор од што беше дебела.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Та до скоро со пушка на рамо комитствуваше по Пелистер и ги бркаше зулумќарите, а сега одеднаш да стане селски предавник.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Сѐ како одеднаш да се нашло во некој друг крај.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)