однапред (прил.) - да (сврз.)

При одлучувањето за раскинување на до- говор, односно за неговата измена, судот се раководи од начелото на чесност во прометот [bonos mores] – водејќи сметка особено за целта на договорот, за нормалниот ризик кај договорот од односен вид за општиот интерес и за интересите на двете страни (чл. 124, ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Страните можат со договорот однапред да се откажат од повикувањето на определени променети околности, освен ако тоа е во спротивност со начелото на совесност и чесност [bona fide] (чл. 125, ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Чавката скокна и нервозно леткаше како некој да ја жегнал со вжарена гламја. – Ако нешто ти треба, мораш однапред да ми кажеш!
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Тие кредити можат да се сервисираат само под услов да се земат други кредити, а тоа можеше да мине само затоа што како првобитен капитал беше прифатена една вештачка вредност, па тоа овозможи однапред да се задолжиме така што беа прифатени хипотеките на кредитите за коишто требаше да гарантира првобитниот капитал.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
- Ќе ве чекам и не морате однапред да се најавите – рече и со зголемена брзина замина за Билишта.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Планините на сабајле треба да се лижат штедро, скокотливо, одвнатре по преслапите, по пресеците, по вршниците дал-господ јазици и за на небо и за по земја и под, и над, и пред и по треба да се диши длабоко, однапред да се ублажи налетот на дневниот молк сѐ до следната средба со ноќната граматика.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Постојат за жал околности што не е можно однапред да се предвидат.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Под мишка ги носам белите листови на предавството и строгите правила на играта збран како копец: ми трпнат прстите, ги стегам индигата со план да се победи зимата во срцето, веритигинозниот синдром и сета светска иронија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Му го читам изненадувањето, оти јас не бев на потег, а сака тоа, колку само сака да ми го рече, ама не дозволувам: ја вртам клепсидрата со видлива енергичност што значи потег и протест и најсетне и простотија и простор во кој има смисла да продолжи играта, граматиката на чутуранга во која бројот на играчите е ограничен на четворица, но се гледа тој е веќе триплициран и нужно е однапред да се договори редот, правилата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)