одоздола (прил.) - нагоре (прил.)

Аскерот мора да напаѓа отворено, одоздола нагоре, и четниците ќе можат од заклоните да стрелаат и одозгора бомби да фрлаат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Гледајќи го одоздола нагоре, помирливо му рече дека нема време за губење туку да го стори тоа што и другар му веќе го стори.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Според планот и постапија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тие се рапространуваа со векови и одеа одоздола нагоре.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но мојот господар, кадијата, не може да излезе на крај со тие разбојници, па ме испрати да донесам абер и барам совет – изговори Суљо клечејќи и гледајќи го султанот одоздола нагоре со ропска понизност.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тргнаа едните одозгора надолу — од Рожденката по Андовата чупа; другите одоздола нагоре, од попот — по Рожденкината чупа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)