онака (прил.) - во (предл.)

И онака во оваа земја најголемите лопови секогаш имале прелазни двојки по математика.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
„Арно, ага. Еве одам“, рекол дедо Геро и влегол онака во земјанката божем да го запали огнот и да им ја направи топеницата.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Мечката, веројатно кога си ја достори работата што си ја работеше, се сврти со половината тело кон нив, ги погледа, ги погледа и спокојно си влезе онака во орманот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Продолживме да учиме заедно, само сега јас читав, а тој спиеше и сонуваше дека бебето плаче, па го нишаше креветот, онака во сон.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Се враќав од кафеана, онака во добро расположение, немав лична карта со себе и ајде во станица.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Оливера Поточка стои онака во ќошето и — ни вака, ни така. 27.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Си седи онака во страничната приколка и ме гледа со напудрените образи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Републички судски совет за мирно решавање на работните спорови, кој и онака во праксата, поради својата сомнителна правна природа, создаваше правна несигурност кај граѓаните (чл. 7 од ЗИДЗМРРС/14), а за орган кој ги врши стручно – административните работи во врска со мирното решавање на работните спорови беше утврдено министерството надлежно за работите од областа на трудот (чл. 9 од ЗИДЗМРРС/14). 2.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Посакуваше така смирена да поседи колку што може подолго, но здогледа некое делче од некое суво планинско цвеќе на футата и со прстот и показалецот внимателно го фати и го фрли онака во тревата.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ги тргнав тие траказите железни со една патерица што ја најдов зад едни штичишта под тремот и сетне таа вратата само ја поттурнав и двете поли ширум се отворија, удрија онака во двете страни на ѕидот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)