општо (прил.) - земе (гл.)

Границите меѓу трите супер-држави на некои места се произволни, на други се менуваат во зависност од воената среќа, но општо земено тие ги следат географските меѓи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Општо земено, грчките мали туристички места Лептокарија & Паралија, Платамона, во коалиција со Ставрос, станаа омилено летувалиште на социјалистичката средна класа од земјата македонска.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Уште повеќе што Стејт департментот, општо земено, пред испраќањето им давал најминимален тренинг и брифинг пред да ги именува овие службеници и им дозволувал да работат со многу слаби политички директиви од САД.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Општо земено, колку поголемо е разбирањето, толку е поголема самоизмамата: колку поинтелигентен, толку поненормален.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Општо земено, што сте подготвени да сторите?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)