особено (прил.) - бев (гл.)

Особено беше убедлив кога велеше дека и народите треба да се служат со тишината во значајни периоди од нивната историја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Брзо стигнаа одговори. Особено беа исцрпни анализите од републиките со мешано население на национална и на верска основа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но неговата долга брада и големи мустаќи обесени надолу го правеа многу постар отколку што беше.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тоа беа четниците на прилепскиот војвода Петре Ацев, коишто денеска особено беа расположени.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)