особено (прил.) - сака (гл.)

Милер раскажува дека еднаш му дал касета со Јужниот Пацифик на некој дечко во кого бил потајно вљубен, касета што го репродуцирала површинското крцкање од лонгплејката што ја имал уште од детството – крцкање што особено се слушало на „Некоја чудесна вечер“, нумерата што очигледно најчесто ја вртел и на која особено сакал да му го обрне вниманието на предметот на својата љубов.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Андон особено сакаше да ја почувствува разликата меѓу двете жени во делот во кој тие беа најжени и затоа сега, кога целосно се вовре во Азра, во нејзината розова устинка меѓу нозете со подбрикнати удинки по страните, не само што не ја штедеше, туку немилосрдно ја плескаше офкајќи од сласт и викајќи необично силно: „Ова е лудница, гарант!“
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
За сонот како да не постои „не“. Тој особено сака спротивностите да ги обединува или да ги покажува како едно.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)