особено (прил.) - внимание (имн.)

Сепак овде, по долго и обмислено разгледување, не здогледав ништо што би предизвикало особено внимание.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И се влечкаше нагоре, на колената и на рацете; снегот како да беше направен од големи тврди скрупци, од чијшто студ набргу во неговите подноктици му се всади и една гола бол, но тоа не мораше да биде забележано со некакво особено внимание, додека заминуваше со лицето во тој снег, бидејќи дланките можеше секогаш да ги замени со лактите и да продолжи да чекори и на нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Со некое особено внимание ми предложија вечерта да појдам со нив кон големата широчина крај турската кула каде што гостуваше циркусот Олимпија.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Исто така Милер известил дека на Заседанието одржал говор и Светозар Вукмановиќ - Темпо кој нагласил дека “партизаните на македонската армија се подготвени за понатамошни операции против Хуните во правец на Берлин“.305 Текот на Заседанието со особено внимание бил следен од претставниците на британската и американската воена мисија во Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
„Така нека биде" — си помисли попот и не му придаде на ова никакво особено внимание.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ако правеше фурки за децата, Нешкината со особено внимание ќе ја направеше; ако носеше дренови кукутки, Толевото беше пошарено, поправо без чклање, убаво измазнето; ако излегуваше в село, носеше залажачки од анот, половината ги даваше на Нешка, а другата половина на сите Стојови деца.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мирче со особено внимание го ислуша Толета и ја одобри постапката.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во сето тоа неговите гестови повеќе зборуваа од неговите зборови и тој беше задоволен од таквата поставеност, бидејќи оние што беа крај него му обрнуваа особено внимание настојувајќи да разберат што сака да каже.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)