особено (прил.) - значење (имн.)

- Ќе може уште ова лето, нигде не е скинато, само добро да се исчисти...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Од друга страна, настојувањето на „Стремеж“, секој автор чија книга ја објавува да ја придружи со негова размисла за неговиот сопствен опит, може да претставува, исто така, едно своевидно проширување на теоретскиот дијапазон, што ќе го зголеми нашето книжевно искуство, што ќе формулира од денешен аспект некои пунктови на нашите естетски стојалишта, и, што е од особено значење, - ќе ги открие, невидливите јадра од кои зрачи посебноста на приодот кон поезијата на современиот македонски автор.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
И Павле, без да му дава особено значење, пак заговори за старото палто.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но, што останува од неговото присуство, од неговиот говор врз овие црни слики?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но во нашите разговори спомнувањето на Шефот, колку што не ги заматуваше, исто толку не ги разбиструваше работите, а тоа за сите нас беше доволно јасно и затоа никој на тоа не му придаваше особено значење.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Поинаку кажано, предавањето за него претставувало начин на заработување за живот, туку начин да се создаде дело во она особено значење кое тој самиот му го придавал на тој збор: начин да се создаде “бојсовско дело”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Всушност, се работи за основното место што за него го имал чинот на предавањето, не само заради тоа што тој сакал да зборува и да убедува и затоа што неговата харизма била голема, туку, како што пишу­ва неговиот биограф, “предавањето беше суштинска компонента на неговата волја за проширување на полето на уметноста”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)