особено (прил.) - последен (прид.)

Тие зборови, особено последниот, срцето му го параа на Крстета и затоа рече налутено: — Никаков татко, никаква мајка, никаква Анѓа, никаков никој?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Иако критичарите досега биле восприемчиви, особено последниве две децении, за важноста на срамот, на насилството и на стигмата во историското досие, повеќето од нив и натаму сметаат дека извесни облици на [настраното] искуство се забранети.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Значи, поради тоа што секогаш ми даваа малку денови за одмор од работа, особено последните две години, речиси воопшто не доаѓав.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Како тежок железен чекан го удираа сега по глава особено последните зборови на Делчев: „Сенародното востание во 1903 ќе биде пребрзано...“
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Уште позачудувачки дејствува ваквото однесување на граѓаните, ако се знае дека, особено последниве неколку години, тие исти граѓани перманентно јавно се предупредуваат оти тоа што го прават е спротивно на сите норми на едно цивилизирано човечко однесување.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)