особено (прил.) - угнетувачки (прид.)

Во нив нема ништо од конвенционалното и вештачкото што, општо гледано, им е присушто на прифатените или на наметнатите општествени улоги, а што му овозможува на општествениот актер каква-таква дистанција од нив, а со тоа и некаква противсила во однос на нив.315 Кога самиот си создаваш улога, немаш гледиште со лесен отклон од неа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зајмиме хетеросексуални обрасци на односност и ги приспособуваме кон сопствените цели, истовремено потпирајќи се на личното и на интимното за да им внесеме особено, своеобразно значење – да ги создадеме значењата и обредите што им даваат облик, цврстина и полноважност на нашите чувства.314 Колку се полични или поинтимни таквите начини на ополноважување и легитимирање, толку ни е помала дистанцијата од нив, толку понеиронично ни е гледиштето кон нив и толку помитски стануваат тие општествени облици и обреди. ‌Ваквите самоодобрени, самосоздадени и самопотврдени облици и обреди можат да бидат особено угнетувачки токму за оние што ги создаваат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Бидејќи немаме никаков општествен поттик да се вљубиме и бидејќи немаме никаков сопствен стандарден, надворешен, јавен облик со кој ќе ги дефинираме и претставуваме сопствените венчални односи, мораме да ги персонализираме постојните општествени облици за да ги направиме наши.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И така, се трудевме да си ја нагласиме заедничката припадност во разни општествени и етнички идентитетски категории и гледавме да ги потстивнеме оние субјективни димензии на хомосексуалноста, како и оние особени одлики на машката геј-култура – збор да нема за емотивните и за еротските особености на настраното постоење – кои во умовите на многумина беа најодговорни за ширењето на ХИВ-от. ‌Ако геј-мажите не се чувствуваа страшно стегнати од тоа ставање во загради на емоцијата, на сензибилитетот, на афектот и на почувствуваната различност на нивните проживеани искуства, ако претежно политичките претставувања на гејството како колективен општествен идентитет во тој период не им изгледаа особено угнетувачки, тоа беше поради еден втор, посуптилен фактор.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа нѐ поттикнува личното да го правиме стварно.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)