особено (прил.) - тогаш (прил.)

Против ова решение не беше дозволена посебна жалба, сѐ до септември 2010, кога се прецизираше дека против решението може да се изјави жалба, но дека таа не го задржува извршувањето на решението (чл. 93, ЗИДЗПП/септ.10). 5) давање можност жалбата против конечната пресуда да го нема вообичаеното т.н. „суспензивно дејство“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Иако јачењето и длабоките воздишки на мајката го потсетуваа на истите звуци кои луѓето ги испуштаа на погребите, особено тогаш кога од раѓањето до смртта патот на погребаниот и не бил толку долг за во тоа да се пронајде барем минимална утеха. ’Го проживеал своето’, ќе речеа за некој старец.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Имено, од важни причини, кои мораат да бидат образложени, судот може да одлучи жалбата да не го задржува извршувањето на одлуката (чл. 409, ЗПП) – што, секако, е добро решение во корист на работникот којшто успеал да го добие спорот, особено тогаш кога во улога на жалител ќе се јави работодавачот. в) Законот за извршување Во поглед на присилното спроведување, односно принудното извршување на судските, правосилни и извршни, одлуки донесени во работните спорови, проблематиката е регулирана со ЗИ (2005), 18 којшто е изменет и дополнет во осум наврати: двапати во 2006, по еднаш во 2008 и во 2009, и дури четири пати во 2010 година – но, за среќа, ниту една од нив не се однесува на институтот 17. 
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имено, од важни причини, кои мораат да бидат образложени, судот може да одлучи жалбата да не го задржува извршувањето на одлуката (чл. 409) – што, секако, е добро решение во корист на работникот којшто успеал да го добие спорот, особено тогаш кога во улога на жалител ќе се јави работодавачот.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
А гледаш, Дед Павел како да не се сложуваше со мене.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не е лесно да закопаш дел од својот живот особено тогаш кога твојата храброст ќе ја насрчи неправдата и злото кај оној кому некогаш му ја имаш доверено својата доверба.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А дека секој силник по малку си се замислува Бог, особено тогаш кога му е дадено дури и да замавне, тоа испуштив да му го речам.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)