особено (прил.) - зашто (сврз.)

Го оптоварува, значи, грижата за неа, помислата како таа врви без него во овие тешки воени времиња, особено зашто знае дека таму нема некого што би ѝ понудил каква годе помош доколку таа ѝ биде нужна.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Чудесно ми беше тоа, особено зашто поради предметот Универзитетот трпеше многу критики во националните гласила и во државата Мичиген.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Разбираше дека во Германија притисокот врз Евреите од шлагер на острастените национал-социјалисти, брзо се преобразуваше во строг марш врз судбините на неаријците врз кои се преземаа актите на сѐ поизразено државно насилие, но не разбираше што Софија има со тоа, особено зашто во германскиот модел меѓу неаријците се подразбираа Бугарите меѓу другите Словени.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)