особено (прил.) - ќе (чест.)

А тоа особено ќе важеше за самите читатели.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
При оцената дали ќе до- несе делумна пресуда судот особено ќе ја земе предвид големината на барањето или делот од барањето кој узреал за одлука.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Судот може да ја ослободи странката само од плаќање на такси ако со плаќањето на таксите значително би биле намалени средствата од кои се издржува странката и членовите на нејзиното семејство.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако кон поканата не се доставува поднесок, 191 во поканата ќе се наведат странките, предметот на спорот, како и дејствието што ќе се изврши на рочиштето.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Судот во поканата особено ќе предупреди на законските последици поради изостанување од рочиштето (чл. 106, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
При донесувањето на одлуката за ослободување од плаќање на трошоците на постапката, судот грижливо ќе ги оцени сите околности, а особено ќе ја земе предвид вредноста на предметот на спорот, бројот на лицата што ги издржува странката и приходите што ги имаат странката и членовите на нејзиното семејство (чл. 163, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
4.  Ако, врз основа на расправа, узреале за конечна одлука само некои од повеќето тужбени барања, или ако само дел од барањето узреал за конечна одлука – судот може, во поглед на узреаното барање, односно за делот од барањето да ја заклучи расправата и да донесе пресуда [т.н. делумна пресуда].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
- Можеби јас не сум нормална! – ѝ реков, надевајќи се дека ќе ја смени темата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Како да не, немаш, тоа не е нормално, на твои години да не се има некој што особено ќе те интересира.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Впрочем, христијанското учење за душата и телото создава цврста подлога за изградба на типично, до денешен ден длабоко присутно, сфаќање во западната цивилизација за дуалистички пристап кон односот дух-тело.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Таа цврста подлога особено ќе ја ползува големиот мислител Рене Декарт, во како што истакнува авторот, Ото Клем, „Откритието на свеста како основен психолошки факт“ кое не било направено пред Декарт, додавајќи понатаму дека со него започнува „развојот на модерниот поим за свеста“.2 „Модерниот поим за свеста“, всушност подразбира познание за себе како продукт на интроспективно набљудување, односно софистициран процес на рефлексија на сопственото искуство.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Меѓу учениците на Каро (Caro), во St Martin’s School of Art, особено ќе се развие една хумористичка тен­ден­ција, анимирана од Бери Фленаген (Barry Flana­gan), Жилберт и Џорџ (Gilbert & George), и Брус Меклин (Bruce Mc­Lean).
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Смешноста што се сврзува со недостоинствената женствена болка во општеството на машката повластеност особено ќе одекнеше во искуството на геј-мажите во текот на првите петнаесет години од кризата со сидата, од 1981 до 1996 година, пред воведувањето на антиретровирусната терапија, кога сидата неминовно беше смртоносна состојба и кога стрејт-општеството редовно ја отфрлаше стварноста на страдањето на геј-мажите, ускратувајќи им го сочувството што намуртено им го даваше на „невините жртви“ на епидемијата.192 Во тој контекст, смеата со која машката геј-култура ја дочека сопствената ужасна и трагична состојба изразуваше, како што правела многупати, истовремена идентификација со вредностите и гледиштата и на повластеното и на абјектното.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тој сега гласи: „Кога е предложен план за ре- организација, стечајниот управник е должен да предложи социјален план за ублажување на негативните последици од престанокот на работниот однос на работниците, во кој план особено ќе бидат раз- работени критериумите и условите за престанок на работниот однос со отказ“ (чл. 32, ЗИДЗС/2000).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)