отворено (прил.) - ја (зам.)

Ѝ зборуваше за некоја имагинарна личност, лудо вљубена во некоја девојка, притоа ги набројуваше доживувањата на тој несфатен несреќник; отворено ја страдаше својата болка а заклучокот што го беше изрекол се чинеше фасцинантен: Требало секогаш да сочувствуваме со лудо вљубените.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Веќе неколку месеци излегуваше весникот „ РЕПУБЛИКА“, сопственост на долгогодишниот политички затвореник Сашо Борисов, кој што отворено ја критикуваше владата.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Навистина убав, обмислен ред на постапки; сѐ се чини толку природно; мислам дека неа воопшто не би ја збунил заклучокот дека сите овие постапки всушност укажуваат дека таа е домаќинка која отворено ја прикажува својата наклонетост кон уредноста: Ништо не смее да пречи, да недостасува но дури ни да стрчи.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Веќе никој немаше мир во домот, дури и управата отворено ја покажуваше својата загриженост и голем страв.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)