отсега (прил.) - натаму (прил.)

И додека Максим Акиноски ги врши последните обреди околу закопот, ги опејува гробот и покојникот Сега во век и во вечни векови, најстариот Анѓелов син, Никола Анѓелов Јанчески, кој отсега натаму е и глава на сиот сој Јанчески и клисар, оди од човек на човек и шепотејќи ги кани да повелат да дојдат кај нив дома за како што носи редот да се облажат за душа на стрико Анѓела.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
— Ете, бугарските чети сакаат и верата да ни а менат, — им ја објаснуваше даскалот Димо Гулушов еден ден на своите Старавинци содржината на писмото и ги викаше да не признаваат отсега натаму никакви бугарски чети ни војводи, ниту пак да ги хранат и кријат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Така, брат Толе, така. Отсега потамо нема леб за бугарски војводи кај нас — му се исправи еден ден Димо лично на Толета во Градешница.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
41. Задачата на македонската интелигенција отсега натаму ќе треба да биде да се одделат нагледно за сите: за самите Македонци, и за Турција, и за балканските држави и за големите сили, интересите на Македонците од интересите на другите балкански држави и народи и да се изучат подробно сите прашања сврзани со избавувањето на нашиот народ и нашата татковина од сегашната голема несреќа и со процветот на нашиот народ во духовен и во материјален однос.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Како следбеник на идејата за полно одделување на нашите интереси од интересите на балканските народи и за самостојно културно-национално развивање, јас и ја напишав на централното македонско наречје, кое за мене отсега натаму има да биде литературен македонски јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Отсега натаму тој ќе мора не само да мисли исправно; ќе мора и да чувствува исправно и да сонува исправно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ако пак слушнам дека пак се зема муфте, жими душите на моите предци, ќе бидете жигосани за да им служите за пример на другите! !
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но отсега натаму да не дозволите ниту субашии, ниту ќаи и кој било друг да земаат муфте.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Одеше низ сенките на големите грди борови на уличните светилки, слушајќи ги гласовите на девојките, предењето на колите, прашувајќи се што по ѓаволите прави овде кога би требало да е во Роуч, знаејќи добро дека кога ќе се врати назад ќе почне да се прашува што по ѓаволите прави таму, и дека можеби отсега натаму, каде и да оди, ќе се прашува истото.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Отсега натаму таа ќе стане ценета анамка, со многу алајки придружнички.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Гита го жали: во пролетниот календар на гибелта, некогашниот прв човек на заедницата, сега само странец во еден голем ориентален град што никогаш наполно не го прифати за свој, поранешниот главен рабин и претседател на општината на Салоника ги брои писоците на локомотивите што ги најавуваат транспортите на живи луѓе, откорнатици со извесна дестинација, но и неизвесна судбина.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во Палестина, во земјата на предците, во Erecz Israel9. O, Hashano10!  Па сепак, Нина знаеше дека отсега натаму татко ѝ ќе бдее, ќе снове низ куќата како првата вечер од заминувањето на децата, дека Моше, веќе, сон нема да го фати.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ја извади и ја стави на масата.  „Татко ми ми рече дека отсега натаму, ова треба да го носиме секогаш кога излегуваме на улица”.  Мајка ми, секогаш брза во реакциите, дојде до масата и ја зеде ѕвездата.  „Какви се тие глупости, ќерко!
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Стивнати хакхами мислат на одведувањето на Израилот во вавилонското ропство и на повторената судбина, барајќи со сета моќ на своето примерно духовно поимање, среде општиот очај, викот и пискот - причина за суровиот гнев на Севишниот, додека хазаните, псалтирите при синагогите го мислат кадишот, молитвата за умрените што, чувствуваат, отсега натаму ќе биде непрекинато кажувана.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ти отсега натаму ќе седиш пред вратата на куќава, нели?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Што мислиш, што ќе биде отсега натаму со тебе?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Еднаш ова ѝ го кажав на мајка ми и таа ме посоветува и јас истото да го кажувам отсега натаму, кога ќе си купам нешто.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Сакаш? Нејќеш, - реков еднаш јас кога си купив сладолед.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Отсега натаму, отворањето ќе биде само наша грижа. Можете да си одите.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
А на Лумана му должиш и, ако не слушаш, едно ќе те посоветувам: отсега натаму слушај го и други марифетлаци не ти требаат...
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)