оттаму (прил.) - преку (предл.)

Толе на лице се убеди дека и „дедот" Петре си има посестримка, иако не ја води како него со четата, та се ослобди од таа страна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Небескааааа! ми се врати оттаму преку пругата. Едно викнав, а друго ми се врати...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе му го реча в очи и ќе си замина, — си донесе Толе решение и го зеде Трајка со него, та еден убав пролетен априлски ден, по канал, пак преку Врпско, прејде во Гудјаково, а оттаму преку Никулица отиде во Вепрчани.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И уште кога таа го виде оти иде, со трчанка се окри во тремот, оттаму преку куќа, низ мала врата, та дури дома со бегање.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)