оттогаш (прил.) - натаму (прил.)

Оттогаш натаму почна мојот најголем пекол.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Секоја нова среда ја чекав со трепет и со вознемиреност, знаејќи дека тоа не е ТАА среда, а потајно надевајќи се дека сепак е.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Србина така го завикаа оттогаш натаму.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
И кога мама го раскинуваше неговиот лик, почувствував дека не ми го уништува само единствениот опиплив спомен од него, и не само единственото нешто преку кое се потсетував на неговиот лик, па оттогаш натаму неговата коса, неговите очи, неговиот лик, беа само нејасно сеќавање; јас во тој миг почувствував дека таа со тоа раскинување го уништуваше и она ветување дека разделбата не е вечна. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа пак што не ми се чинеше, туку бев сигурна дека е така како што гледам, беше Игбал, седнат крснозе, Игбал за кој јас во тој момент уште не знаев ни кој е, ни дека така се вика, ни од каде доаѓа, ни каква значајна улога оттогаш натаму ќе има во мојот живот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мајка ми одново почна да ми ги кажува зборовите кои беа врежани во моите први сеќавања, а кои долго ги имаше заборавено: “Ќе беше подобро да не те родев.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)