оттогаш (прил.) - речиси (прил.)

Со желба макар некако да се забави и да го заборави непријатниот впечаток, тој пошол на забава кај еден свој пријател, каде што нашол пристојно друштво и, што е најдобро – таму сите биле речиси од ист чин, така што ама баш ништо не му пречело.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И оттогаш речиси цел половина век и повеќе, тој Амди Сербез, а пред тоа и татко му, секој втор или трет петок во месецот слегуваа во градот на пазар, а притоа на дедо ти, а пред него и на мојот дедо му носеа, волна, сирење, масло, а за празниците и јагне.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И оттогаш речиси секој ден му се јавувал пред очи бледиот Акакиј Акакиевич, кој не го издржал укорот на претпоставениот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)