оттука (прил.) - и (сврз.)

Овој процес треба да биде свесен, инаку нема да биде изведен со потребната прецизност, но исто така треба да биде и несвесен, зашто во спротивно ќе донесе чувство на лажност, па оттука и на вина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Оттука и врските што ги имал со некои паши, како што е Беадин-паша од Солун, Исмаел-паша, командантот на главната команда на румелискиот корпус во Монастир, па и министерот за трговија Ахмед-паша.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Може ли да им се верува на комунистите?“ - гласно ги прашува тој.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Преводот е интимно поврзан со контекстот во којшто се создава, оттука и дискусијата за дефинитивен превод нема никаква цел. 32 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во тој миг Цви Корец длабоко во срцето почувствува дека судбината негова, на семејството, советот, заедницата, на целиот овој град, сѐ посилно се заплеткува во големо клопче што се намотува, се пласти и стега околу сите нив заедно од некоја огромна сила спрема којашто секој отпор е слаб, оттука и излишен.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)