очаен (прил.) - ја (зам.)

Зошто тие кои беа заборавени постанаа вечност, а тие кои очајно ја посакуваа вечноста беа засекогаш избришани од срцето на универзумот...
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Овде тој си се поднасмевна себеси кога помисли дека некогаш можеше да издржи повеќе, а некогаш помалку, но секогаш од тој бран што од слабините ќе го удреше право во челото испливуваше со истата мисла – дека целосно, неповторливо и очајно ја љуби жената што во него ја откри таа жед по нејзината љубов...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)