па (прил.) - затоа (прил.)

Најголемиот дел од Германиците по вероисповед се евангелисти, а помалку има римокатолици, па затоа овде има и многу евангелистички цркви.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Стариот материјализам со својот чисто емпирички метод никојпат не можеше да го види нивното единство, нивниот премин една во друга, па затоа неговото познавање на објективниот свет и на општеството беше ограничено, неполно, мртво.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Нешто ѝ се случило, но што - не умеам да погодам. Сепак си мислам: „Можеби Билјана добила единица, па затоа молчи...“
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Па затоа тој бирал поводи кои ќе му помогнат во стекнувањето на правото на јавен настап. - Годишнина од смртта на Р.Луксембург.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)